| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Шекспир фестивал“ во Битола

Sekspir11.jpg

Со театарската претстава „Хенри Четврти од Мексико“, в сабота, 19 јули со почеток од 20.30 часот во Народен театар Битола ќе биде отворено второто издание на „Шекспир фестивал“.

Наредниот ден на истата сцена, со почеток во 19 часот ќе се изведе холандската претстава „Шекспир“, а програмата на фестивалот посветен на најголемиот драмски писател на сите времиња, предвидува уште една претстава истиот ден, од 20.30 часот изведба на „Многу врева за ништо“ на Театар Комедија од Скопје.

Фестивалот се одржува во рамки на битолската летна шема на „Бит фест“.

Културното лето во Битола ќе ја започне оваа сабота со арт перформансот „Светот низ разгледници“ кој ќе го изведен уметницата Мартина Павловска на Плоштад Магнолија во 17 часот. Во 19 часот во Концертната сала на ЗМГ ќе биде промовирана стихозбирката „Страсти“ на Светлана Папачек, а половина час подоцна во горното фоаје на театарот ќе се одржи арт инсталацијата „Митови и легенди“ на Студио Микс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top