Капитенот на германската репрезентација Филип Лам се опрости од националниот дрес откако го освои Светското првенство во Бразил.
Иако оваа година ќе наполни 31 година, Лам одлучил дека сега е вистинскиот момент неговото место да го предаде на младите играчи.
– Во понеделникот на селекторот Лев му соопштив дека се повлекувам. За тоа размислував целата сезона и сум пресреќен што се совпадна да си одам како светски шампион. Им благодарам на сите кои беа покрај мене за целата репрезентативна кариера – изјави Лам.
Лам за германската репрезентација одигра 113 натпревари и постигна пет гола. Дебитираше во февруари 2004 година на пријателски натпревар против Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Награда за извонредната кариера, Лам замина во пензија како најдобар фудбалер во Германија
-
Гранде Џиџи со порака до Лам и Алонсо: Беше огромна чест да се игра против вас! (видео)
-
Во меч со четири пресврти Борусија Дортмунд се пласираше во Лигата на шампионите (видео)
-
Филип Лам откри за што жали во својата кариера


