| четврток, 6 декември 2018 |

Јацењук: На одговорните за соборувањето на малезискиот авион треба да им се суди во Хаг

 rt_malaysia_plane_5_kb_140717_4x3_992

На одговорните за соборувањето на малезискиот патнички авион во источна Украина треба да им се суди пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук, кој воедно ги обвини Русите дека стојат зад тоа, како што рече, „меѓународно злосторство“.

– Русите отидоа предалеку. Тоа е меѓународно злострорство за кое одговорните треба да бидат судени во Хаг – посочи Јацењук.

Јацењук изјави дека проруските сепаратисти, кои ја контролираат зоната каде што се урна авионот, не дозволуваат да се врши истрага од страна на украинската Агенција за воздухопловство.

– Во овој момент сепаратистите не дозволуваат претставници на нашата воздухопловна агенција да отидат до местото на несреќата за да ја почната истражната постапка за трагедијата – рече Јацењук.

Претставници на проруските сепаратисти синоќа соопштија дека ќе дозволат меѓународни ексепрти да работат на местото на несреќата, потсетуваат агенциите. Утринава, меѓутоа, странски експерти таму сѐ уште немаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top