
Група демонстранти и денеска се собра пред Јаја-пашината џамија во Чаир. Тие се упатуваат кон Бит-пазар. Полициското обезбедување е на терен. Не се очекува ескалација на ситуацијата, со оглед дека организаторот на протестот најави мирно искажување на револтот од доживотните затворски казни за осудените за убиството на петте невини лица кај Смиљковско Езеро. Стотици демонстранти носат транспаренти на албански, македонски и на англиски јазик.
Организаторот уште минатата недела најави дека и денеска, по петочната попладневна молитва, Албанците ќе излезат на протест. Минатата недела полицијата, но и организаторот, спречи протестот да премине во насилен, иако изолирана група се обидуваше да го направи тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


