| четврток, 6 декември 2018 |

Битката на ножот – најкрвавата и најепска меѓу битките по Илинденското востание (по повод 107 години – 14 јули 1907)

Исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја е ис­пол­не­та со мнош­тво хе­рој­ски на­ста­ни кои дла­бо­ко се вре­жа­ни во ме­мо­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род, на­ста­ни кои не­сом­не­но игра­ат важ­на уло­га во об­ли­ку­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет

Istorija97-Battle_of_nojot

Во исто­ри­ски­от про­цес на фор­ми­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност се за­бе­ле­жа­ни број­ни бу­ни, во­ста­ни­ја и вој­ни. Тоа е исто­ри­ја на па­до­ви и воз­диг­ну­ва­ња, на по­ро­бу­ва­ња и ос­ло­бо­ду­ва­ња – про­це­си кои ја по­твр­ду­ва­ат бор­бе­но­ста, не­по­кор­но­ста и сло­бо­дар­ски­те тра­ди­ции на ма­ке­дон­ски­от на­род.

Во тој кон­текст, пред да ја опи­ше­ме го­ле­ма­та са­мо­жр­тва на „Но­жев­ци­те“, ќе спо­ме­не­ме уште два слич­ни на­ста­ни.

Пр­ви­от се слу­чил во но­ќта ме­ѓу 23 и 24 април 1905 го­ди­на во се­ло­то Цер. Име­но, че­та­та на вој­во­да­та Хри­сто Узу­нов во се­ло­то би­ла оп­ко­ле­на од стра­на на ос­ман­ли­ска­та вој­ска. По не­кол­ку­ча­сов­на би­тка, отка­ко ко­ми­ти­те ја по­тро­ши­ле це­ла­та му­ни­ци­ја, Х. Узу­нов го на­пи­шал сво­е­то претс­мрт­но пис­мо и си­те за­ед­но, 12 бор­ци, ре­ши­ле да се са­мо­у­би­јат за да не би­дат фа­те­ни жи­ви.

След­ни­от на­стан се слу­чил за вре­ме на Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја (1946-49). Во ју­ли 1947 го­ди­на во те­кот на за­врш­на­та фа­за на про­лет­на­та офан­зи­ва на грч­ки­те вла­ди­ни си­ли се оди­гра­ла ед­на хе­рој­ска дра­ма. Во мес­но­ста Ко­телц­ка Ку­ла, стра­те­шка ви­со­чи­на на 1800 ме­три, бор­ци­те на ДАГ би­ле оп­ко­ле­ни од вла­ди­ни­те си­ли. Отка­ко глав­ни­на­та на бор­ци­те на ДАГ ус­пе­а­ле да ја на­пу­штат Ко­телц­ка­та Ку­ла, трој­ца бор­ци од кои двај­ца Ма­ке­дон­ци и еден Грк, овоз­мо­жу­вај­ќи го без­бед­но­то пов­ле­ку­ва­ње на сво­и­те дру­га­ри, на­ме­сто да се пре­да­дат, се слу­чи­ло не­што па­ра­до­ксал­но, не­ви­де­но, не­о­че­ку­ва­но, хра­бро. Трој­ца­та бор­ци, уви­ду­вај­ќи де­ка не­ма­ат друг из­лез, из­лег­ле од Ку­ла­та, гор­до се ис­пра­ви­ле и за­пе­а­ле ед­на пар­ти­зан­ска пес­на. По­тоа, пред очи­те на сво­и­те про­тив­ни­ци, се фа­ти­ле за ра­це, изи­гра­ле ед­но пар­ти­зан­ско оро, се пре­гр­на­ле, се бак­на­ле за пос­ле­ден пат, и се фр­ли­ле во дла­бок ам­бис. На­ста­нот се оди­грал на 17 ју­ли 1947 го­ди­на.

Istorija97-Tane_Nikolov_cheta_Nozhot

Четата на Та­но Ни­ко­лов

Ка­ко и да е, по кра­јот на Илин­ден­ско­то во­ста­ние (1903) на те­ри­то­ри­ја­та на ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја поч­нал про­цес на ма­сов­но нав­ле­гу­ва­ње на па­ра­во­е­ни фор­ма­ции на со­сед­ни­те бал­кан­ски др­жа­ви (Гр­ци­ја, Ср­би­ја и Бу­га­ри­ја). Про­па­ганд­на­та актив­ност на бал­кан­ски­те др­жа­ви кон те­ри­то­ри­ја­та и на­се­ле­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја ја до­жи­ву­ва­ла сво­ја­та кул­ми­ни­рач­ка фа­за. По­ра­ди тој факт, стру­кту­ри­те на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја (МРО), пред сè неј­зи­ни­те ору­же­ни фор­ма­ции, го­лем дел од сво­и­те актив­но­сти ги на­со­чи­ле во бор­ба­та про­тив ту­ѓи­те про­па­ган­ди. Во таа на­со­ка, во прва­та по­ло­ви­на на 1907 го­ди­на ра­ко­водс­тво­то на МРО од­лу­чи­ло да се прес­ме­та со срп­ски­те ору­же­ни фор­ма­ции, кои дејс­тву­ва­ле во се­вер­ни­от дел на ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја. Кон сре­ди­на­та на април 1907 го­ди­на, на пла­ни­на­та Ба­бу­на прв се по­ја­вил вој­во­да­та Та­но Ни­ко­лов со 50 чет­ни­ци. По­доц­на, во те­кот на ју­ни, во Ве­ле­шко при­стиг­на­ла че­та­та на Ми­ха­ил Че­ков со 50 бор­ци, ка­ко и на ко­стур­ски­от вој­во­да Хри­сто Цве­тков со 30 чет­ни­ци. Се оче­ку­ва­ла уште че­та­та на Иван На­у­мов – Ала­ба­кот, па си­те за­ед­но да ѝ за­да­дат си­лен удар на срп­ска­та про­па­ган­да во при­леп­ска­та око­ли­ја. Во оваа ак­ци­ја бил вклу­чен и око­ли­ски­от вој­во­да Пе­тар Ацев, ка­ко и при­леп­ска­та око­ли­ска че­та на Мир­че Нај­дов. Та­ка, на мал про­стор би­ле гру­пи­ра­ни не­кол­ку ор­га­ни­за­ци­о­ни че­ти со приб­лиж­но 200 бор­ци, пот­по­мог­на­ти од сел­ска­та ми­ли­ци­ја. Си­ли­те на МРО ја поч­на­ле сво­ја­та ра­бо­та, пре­тре­су­вај­ќи не­кол­ку сом­ни­тел­ни ли­ца, а два па­ти би­ло оп­ко­ле­но и се­ло­то Ни­ко­дим, под сом­не­ва­ња де­ка та­му се кри­јат срп­ски че­ти.

Istorija97-Mihail_chakov_cheta

Четата на Ми­ха­ил Че­ков

За вре­ме на пре­сто­јот на Ни­ко­дим­ска­та Пла­ни­на, до­де­ка вој­во­ди­те ди­ску­ти­ра­ле за ид­ни­те пла­но­ви, би­ло до­би­е­но из­ве­сту­ва­ње де­ка си­лен ос­ман­ли­ски одред пред­во­ден од Ен­вер-бег, се упа­тил кон Ни­ко­дим за да се прес­ме­та со че­ти­те. Исто­вре­ме­но би­ле до­би­е­ни ин­фор­ма­ции и за при­стиг­ну­ва­ње на вој­ска од пра­вец на Ма­ри­о­во, а дру­га вој­ска се дви­же­ла во пра­вец на Ти­квеш и на Ве­лес. Вед­наш би­ло на­пра­ве­но рас­по­ре­ду­ва­ње на че­ти­те на МРО. Еден дел од чет­ни­ци­те (40) ги за­зе­ле ви­со­чи­ни­те над с. Ни­ко­дим; друг дел (10) го чу­ва­ле пре­ми­нот ме­ѓу Ни­ко­дим и По­па­ди­ја; ко­стур­ска­та че­та и дел од че­ти­те на Ча­ков и Нај­дов (45) се ста­ци­о­ни­ра­ле на по­зи­ци­и­те под кар­пи­те „Но­жот“, над с. Рак­ле; две гру­пи пред­во­де­ни од мес­ни­те вој­во­ди Се­ку­ла Ора­ов­дол­ски и Вел­ко По­па­ди­ски би­ле за­дол­же­ни за чу­ва­ње дру­ги две ви­со­чин­ки. Иа­ко че­ти­те има­ле сè уште шан­си без­бед­но да се пов­ле­чат во пра­вец на Ма­ри­о­во или Ти­квеш, а та­ков бил и ста­вот на при­леп­ски­от око­ли­ски ко­ми­тет, се слу­чи­ло спро­тив­но­то, тие го при­фа­ти­ле су­ди­рот со ос­ман­ли­ска­та вој­ска. Ва­ква­та од­лу­ка се дол­же­ла на оче­ку­ва­но­то при­стиг­ну­ва­ње на че­та­та на Ала­ба­кот со 50 бор­ци, но и за не­га­тив­ни­от впе­ча­ток што би бил пре­диз­ви­кан кај на­се­ле­ни­е­то до­кол­ку че­ти­те се пов­лек­ле на без­бед­но. На кра­јот би­ла да­де­на на­ред­ба да се на­пу­штат по­зи­ци­и­те на „Но­жот“ би­деј­ќи се сме­та­ло де­ка мес­но­ста би­ла лес­на за оп­ко­лу­ва­ње. Но, тоа не се слу­чи, а ко­стур­ча­ни ги за­др­жа­ле сво­и­те по­зи­ции. Пред да пре­ми­не­ме на са­ми­от во­о­ру­жен су­дир, тре­ба да се на­по­ме­не де­ка нај­до­бра прет­ста­ва за овој на­стан ни дал исто­ри­о­гра­фот на ма­ке­дон­ско­то ре­во­лу­ци­о­нер­но дви­же­ње, Хри­сто Сил­ја­нов, во де­ло­то: „Ос­ло­бо­ди­тел­ни­те бор­би на Ма­ке­до­ни­ја“, том II, од ка­де што ќе ко­ри­сти­ме фраг­мен­ти, со цел по­ре­ал­но да ги при­ка­же­ме слу­чу­ва­ња­та на „Но­жот“.

Istorija97-Hristo_Tsvetkov_cheta_Nozhot

Четата на Хри­сто Цве­тков

Би­тка­та поч­на­ла во ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви на 14 ју­ли. Две­те глав­ни точ­ки ка­де што се слу­чи­ле пр­ви­те и нај­се­ри­оз­ни су­ди­ри би­ле кај „Ни­ко­дим“ и „Но­жот“. Исто та­ка, су­ди­ри се во­де­ле и кај мес­но­ста „Пе­ште­ра­та“, ка­де што се на­о­ѓа­ло глав­но­то ја­дро на ор­га­ни­за­ци­о­ни­те че­ти. На „Но­жот“ бор­ба­та не пре­ста­ну­ва­ла. Од­вре­ме-на­вре­ме пу­ка­ње­то се за­си­лу­ва­ло, одек­ну­ва­ле бом­би, а за вре­ме на пу­ка­ње­то по­вре­ме­но се слу­ша­ле и бор­бе­ни пес­ни. Ос­ман­ли­ска­та вој­ска, ра­ко­во­де­на од Ен­вер-бег, сфа­ти­ла де­ка спо­соб­но­ста на ко­ми­ти­те би­ла не­со­од­вет­на на нив­ни­от хе­ро­и­зам и де­ка пре­ку ме­то­дич­но дејс­тву­ва­ње нив­на­та по­зи­ци­ја мо­же­ла да би­де осво­е­на пред да се стем­ни. До плад­не вој­ска­та ус­пе­а­ла да ја оп­ко­ли це­ла­та ви­со­чи­на. Пр­ви­те из­ви­ци за по­мош при­стиг­на­ле од се­ве­ро­и­сточ­на­та па­ди­на на „Но­жот“. Во без­на­деж­ни­от обид да се при­бе­рат кај сво­и­те дру­га­ри на вр­вот, 18 чет­ни­ци влег­ле во вкр­стен оган. За не­кол­ку ми­ну­ти си­те би­ле уби­е­ни. За на­пад на са­ми­от врв Ен­вер-бег ја из­брал источ­на­та па­ди­на, нај­лес­на за иска­чу­ва­ње и оста­ве­на без наб­љу­ду­вач од че­та­та. Пре­ку сил­но пу­ка­ње на се­вер­на­та па­ди­на би­ла на­пра­ве­на ди­вер­зи­ја за да се одв­ле­че вни­ма­ни­е­то на чет­ни­ци­те од глав­ни­от пункт за на­пад. Ма­не­ва­рот ус­пе­ал. За не по­ве­ќе од по­ло­ви­на час вој­ска­та се пров­лек­ла и се гру­пи­ра­ла на са­ма­та чу­ка ме­ѓу неј­зи­ни­те се­вер­ни стра­ни, под­го­тве­на за ре­ши­те­лен на­пад. „Но­жов­ци“ не­на­деј­но го здог­ле­да­ле не­при­ја­те­лот во сво­јот тил – ја ви­де­ле смрт­та и се под­го­тви­ле да ја пре­че­ка­ат ка­ко хе­рои. Тие бр­зо се рас­по­ре­ди­ле да удрат на си­те стра­ни, без да ште­дат бом­би и па­тро­ни. На­па­дот од се­вер­на­та стра­на за из­вес­но вре­ме бил за­прен од мно­гу­те бом­би од стра­на на чет­ни­ци­те. Вој­ска­та го иско­ри­сти­ла ми­гот од ед­но за­тиш­је за да се фр­ли на нож ме­ѓу спи­ли­те. За „но­жов­ци“ тоа бе­ше ми­гот за ре­ше­на­та са­мо­жр­тва. Си­те се од­да­доа на тре­ска­ва ра­бо­та. До­де­ка ед­ни го да­ва­ле пос­лед­ни­от от­пор, дру­ги ги уни­шту­ва­ле пу­шки­те и се вред­но што има­ле, и на­крај ги на­со­чу­ва­ле ре­вол­ве­ри­те кон сво­и­те гла­ви. Пу­шки ве­ќе не се слу­ша­ле. На­ста­пи молк. На­ед­наш чу­ка­та по­цр­ни од вој­ска. Дел од нив се од­да­ле на гра­беж, кон об­ле­ка­та и обу­вки­те на чет­ни­ци­те. При­стиг­нал и ма­јо­рот. Се по­ја­вил и ита­ли­јан­ски­от жан­дар­ме­ри­ски офи­цер Лу­ци, кој по­кас­но ги фо­то­гра­фи­рал хе­ро­и­те на „Но­жот“. Мол­че­ли­во Ен­вер-бег го оби­ко­лил бој­но­то по­ле, дла­бо­ко по­тре­сен од ви­де­но­то. За­бе­ле­жу­вај­ќи не­кои плач­ко­су­ва­чи-вој­ни­ци, го на­со­чил ре­вол­ве­рот кон нив, ги пре­ко­рил, а пос­ле се свр­тил кон вој­ска­та: „Ни­кој не смее да ги до­пи­ра и ос­квер­на­ву­ва хе­ро­и­те… Гле­да­те ли, ка­ко ко­ми­ти­те ја пре­зи­ра­ат смрт­та!… Се би­јат и уми­ра­ат ка­ко хе­рои“. По­тоа, би­ле ис­пу­ка­ни три по­чес­ни пло­ту­ни во воз­дух, при­не­се­ни со из­ви­ци „Алах! Алах“! Пре­бро­е­ни, тру­по­ви­те би­ле точ­но тол­ку кол­ку што чет­ни­ци би­ле оста­на­ти таа изу­три­на на „Но­жот“ – 45.

Вкуп­ни­от број за­ги­на­ти бор­ци во це­ла­та об­ласт ка­де што би­ле за­бе­ле­жа­ни су­ди­ри­те би­ла 67. Од нив, 45 за­ги­на­ле на са­ми­от врв „Но­жот“, дру­ги 10 би­ле уби­е­ни во под­нож­је­то на пла­ни­на­та Асе­но­ва Гла­ва, шест­ми­на за­ги­на­ле при пов­ле­ку­ва­ње­то од вр­вот, еден бил уби­ен кај мес­но­ста „Мир­чо­ва Ле­ди­на“, до­де­ка 4 ко­ми­ти би­ле оп­ко­ле­ни во ед­на плев­на – двај­ца би­ле уби­е­ни, до­де­ка дру­ги­те двај­ца (ра­не­ти од прет­ход­ни­от ден) би­ле из­го­ре­ни жи­ви. Еден за­ро­бен чет­ник бил обе­сен по два де­на во гра­дот Ве­лес.

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 97. број на неделникот „Република“, 11.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top