| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за уште еден вработен на охридските гробишта

СВР Охрид поднесе кривична пријава за Н.С. (55), вработен како референт за наплата и доделување гробни места во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид, за сторено кривично дело проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги.

На 26 јуни годинава во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид лице сакало да купи две гробни места, при што пријавениот му рекол дека е потребно време за изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки. Притоа, истиот изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а договорите не ги дал за книжење во сметководство туку ги уништил. На оштетениот  му дал два фалсификувани договори со фалсификуван потпис на директорот на јавното претпријатие со што присвоил 92.000 денари.

Пред десетина дена кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата заработија и Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top