Украинските безбедносни служби тврдат дека пресретнале разговор кој докажува дека Русија и проруските сепаратисти се одговорни за соборувањето на малезискиот патнички авион со 280 патници, пренесува британски „Телграф“.
„Киев пост“ го преведе разговорот кој го објави украинската влада. Првиот разговор наводно се одвива меѓу офицер на руските разузнавачки служби и командант на сепаратистите.
– Тукушто соборивме авион – вели офицерот.
Вториот разговор наводно се одвива меѓу двајца сепаратисти, од кои еден го истражува местото на несреќата каде на сопствено изненадување дознава дека летот бил цивилен.
– Сто проценти тоа е патнички авион. По ѓаволите! Остатоците паднаа во дворовите на куќите – вели еден од нив.
Ова е снимката од разговорите:
Руското Министерство за одбрана, пак, вината за падот на авионот ја префрла на украинските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.