| четврток, 6 декември 2018 |

Израелски војник и 11 Палестинци убиени на почетокот на израелската копнена операција во Газа

specijalci-izraelski-vonici-se-pridruzili-kenijskim-u-borbi-za-oslobodenje-taoc-1379856518-369905Израел денеска информира дека еден негов војник бил убиен, а двајца се ранети во текот на изминатата ноќ во Појасот Газа.

Ова е првата жртва на израелската армија од почетокот на копнената фаза на нејзината воена офанзива во оваа палестинска енклава.

Портпаролот на израелската армија изјави дека се истражуваат околностите под кои дошло до убиството на војникот.

Извори од палестинските болници информираат за смртта на 11 Палестинци. Не се прецизира колку од нив биле борци на Хамас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top