
Населбата Тафталиџе 2 годинава слави 50 години од своето постоење и по тој повод општинските власти од Kарпош се подготвуваат за свечено одбележување на годишнината. На последната седница на Советот на Kарпош, по предлог на советникот Зоран Поповски, усвоена е предлог-одлука во која се предвидува ваквиот настан во иднина да прерасне во традиција. Се очекува деталите од манифестацијата за одбележување на годишнината локалната власт да ги соопшти набрзо.
Населбите Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 се изградени со донации од земјите што по земјотресот во 1963 година му помогнаа на Скопје да се издигне од пепелта. Населението што остана без покрив над главата во овие две населби беше сместено во бараки од монтажен тип. На нивно место се подигнати куќи од цврст материјал. Во знак на благодарност кон земјите што се солидаризираа и им помагаа на скопјани, улиците во двете населби се крстени по градови од земјите-донатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


