| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на претставата „Прст“ во Албански театар

Pretstava

Во Албански театар се одржа премиерата на претставата „Прст“ од Дорунтина Баша, во режија на Агон Мифтари.
Писателката Баша, со овој текст победи на регионалниот конкурс „Хартефакт„ за современ, општествено ангажиран текст, во 2011 година, во конкуренција од 120 текстови. Поставката во Албанскиот театар во Скопје се случува паралелно со онаа во Битеф театарот во Белград.
Заедно со авторката од Косово, во Албанскиот театар гостуваше и режисерот Мифтари. На премиерата пристигна и министерот за култура млади и спорт на Косово, Мемли Красниќи, а негов домаќин беше министерката Елизабета Канческа Милевска.
Улогите во претставата „Прст“ ги толкуваат Амернис Јовановска Нокшиќи, Зарије Јонузи и Дрита Каба Карага. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Марија Пупучевска, музиката на „Фолтин“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top