
Мојот херој од реалниот живот е татко ми Џамбаз. Тоа ти е суперхерој. Доказ за тоа колку човекот може да биде посебен – вели познатиот шоумен Игор Џамбазов во Прустовиот прашалник на книга.мк.
Кога би можел да биде некој друг, тој би бил сестра му Тања.
– Барем ќе го видев светот. Само што таа тешко би прифатила да се замениме со животите – коментира Игор, кој се идентификува со дедо му Петре Прличко. На прашањето со која историска личност најмногу се идентификуваш, тој одговара:
– Со дедо ми 5-ре. И тој е историска личност, нели?
Тој смета дека не постои совршена среќа, туку среќата сама по себе си е совршена. А, неговиот најголем страв одамна заминал:
-Мојот најголем страв одамна си замина. Во историјата. Стравот од себе.
Најмногу кај себе мрази што сè уште, на 51 година, слепо им верува на луѓето. А, како најголемо достигнување го гледа тоа што сè уште е жив… И концертот во „Борис Трајковски“…
И сосема очекувано – неговото мото:
Затвори очи, исклучи уши, растерај мисли… и диши длабоко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


