| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на пријателството меѓу Мадона и Деми Мур

270213102642_2706Madona

Изминатите години Мадона и Деми Мур по доделувањето на Оскарите организираа заеднички забави на кои присуствуваа бројни познати личности. Но, годинава забавата ја организираше Мадона сама и наместо Деми одлучи да го покани нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер.

Од двете завојувани страни Мадона се одлучи за Качер, кој цела вечер се забавувал на забавата организирана во вилата на менаџерот на Мадона.

-Мадона е на страната на Ештон. Го обожува и сака кога тој присуствува на нејзините забави бидејќи тој е мелем за очи, вели извор на „Радар онлајн“.

Но, останатите кои присуствувале на забавата биле шокирани од присуството на Ештон и особено кога виделе дека Мадона кокетирала со него цела вечер.

Меѓу гостите биле Џон Траволта, Џек Николсон, Селма Хаек, Џорџ Клуно, Леонардо ди Каприо, Бредли Купер, Ева Мендез и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top