| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана концертната турнеја на Каролина Гочева

Поради ненадејната смрт на еден од сопствениците на „Авалон продукција“ турнејата на Каролина, која ја организира нивната продукција, е откажана.

Билетите можете да ги вратите на продажните места на коишто сте ги купиле со приложување на фискалната сметка. Тие што купиле билети електронски се замолуваат да испратат е-пошта на [email protected] со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција, објавено е на веб-страницата „Купи карти за сѐ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top