| четврток, 6 декември 2018 |

Моќен напиток за прочистување на организмот

Доколку ви е потребна комплетна регенерација на организмот, прочистување од мастите, можете да го конзумирате овој напиток кој ќе ве ревитализира и ќе го обнови вашиот организам така што со негова помош ќе ги исфрлите сите наталожени токсини.

Овој прекрасен напиток се состои од четири состојќи кои го прочистуваат нашето тело, го засилуваат имунитетот и нашата кожа ја прават блескава.

Состојки:
– 2 литри вода
– 1 свежа краставица
– 1 лимон или две лимети
– 10-12 листови нане

Краставицата и лимонот добро измијте ги и исецкајте ги на парчиња. Промешајте ги добро, па додадете ги листовите нане и сето тоа ставете го во стаклен сад. Состојките прелијте ги со вода, добро затворете го садот и ставете го во ладилник да се олади смесата. Пијте секој ден по две чаши од овој напиток се додека не ја потрошите смесата. За целосен ефект, при ваквото чистење намалете го внесувањето на масти и шеќери. Постапката може да ја повторите, најдобро е ваквиот напиток да го конзумирате најмалку 15 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top