Под мотото „Минато, сегашност, иднина – sекогаш е време за мода“, новата сезона на „Моден викенд“ во Скопје, ќе се одржи од 1 до 9 април.
Седмото издание, пролет/лето 2013, ќе стави акцент на модата како неизбежен дел од секојдневието. Во рамките на седмата сезона ќе бидат претставени повеќе од 20 модни дизајнери.
Оваа сезона „Моден викенд“ во Скопје, покрај модните ревии и изложби, ќе организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, со кој ќе се долови процесот на создавање колекции кои не познаваат граници.
Исто така, се реализира и конкурс организиран од Амбасадата на САД и Модниот викенд Скопје (FWSK) на тема „ПОП! Мода“. На победниците на конкурсот ќе им биде овозможено да ги презентираат своите дизајнерски идеи на модната вечер, што ќе се одржи во Амбасадата на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.