| четврток, 6 декември 2018 |

Коњаниците се подготвуваат за „Илинденскиот марш 2014“

konjanici

Коњаниците што ќе учествуваат на претстојниот 36. „Илинденскиот марш 2014“ по повод празникот Илинден ги почнаа тренинзите на кејот на реката Вардар.

На „Илинденскиот марш 2014“, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од различна возраст, од 15 до 60 години. Маршот ќе почне на 27 јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево.

Новина оваа година е тоа што на коњаниците од Скопје ќе им се придружат коњаници од Свети Николе, од Бигорскиот манастир близу Гостивар и пешадија од Охрид.

Општина Аеродром, традиционално, ја поддржува оваа манифестација веќе неколку години и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата бидејќи, како што се наведува, Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top