| четврток, 6 декември 2018 |

Демба Ба се пресели во Бешикташ

Напаѓачот на Челси, Демба Ба е нов играч на Бешикташ, откако во средата потпишал четиригодишен договор, соопшти турскиот клуб.

Клубот од Истанбул платил шест милиони евра за сенегалскиот напаѓач, кој ќе заработува два милиони евра годишно, а ќе го носи дресот со бројот девет.

– Со нетпрение чекам да го покажам мојот талент во Истанбул. Ме привлекоа навивачите и новиот стадион кој се гради – рече Ба на претставувањето.

Ба за Челси одигра 29 натпревари и постигна осум голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top