| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Новите санкции ќе му се вратат на Обама како бумеранг

putin

Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера предупреди дека новите американски санкции ќе предизвикаат штета на американските компании кои соработуваат со Русија, така што американско-руските односи ќе го одведат во „слепа улица“.

– Санкциите имаат ефект на бумеранг и без никаква сомнеж ќе ги одведат американско-руските односи во слепа улица и ќе предизвикаат голема штета – рече Путин пред новинароте за време на посетата на Бразил.

Американскиот претседател Барак Обама вчера објави дека ќе бидат воведени досега најтешки американски санкции кон Русија кои ќе бидат насочени против клучните руски компании како Газпром банка и Роснефт, но и други енергетски и воени компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top