| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачкиот премиер обвини странски амбасади поради заговор за распад на земјата

Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска обвини некои странски амбасади, не наведувајќи за кои станува збор, дека се вмешани во заговори против земјата која е „скршена“ од бунтовниците.

maliki

– Некои амбасади се претвориле во бази за средби. Не треба да се отвораат врати пред дипломати од некои земји, кои имаат амбиции за мешање и контрола врз ирачкиот народ, истакна Малики.

Со жестока офанзива сунитската радикална група „Исламска држава во Ирак и Левентот“ успеа да воспостави контрола врз голем дел од Ирак, помогната и од распадот на ирачките безбедносни сили.

Малики и претходно обвинувал регионални сили дека го поттикнуваат бунтовничкото движење во Ирак, каде притисокот на исламистичките екстремисти е поддржано од локални сунити, незадоволни од дискриминацијата од страна на шиитската Влада.

Тој побара денеска од новиот ирачки Парламент да се спротивстави на „распадот на Ирак“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top