Претседателот на Владата, Никола Груевски, смета дека ова е извонреден период за повлекување еврообврзница која во најголем дел ќе се искористи за рефинансирање, односно за враќање на поранешен долг и дека ќе се постигне историски најниска камата.
– Проценка е дека ова е извонреден период според условите на финансискиот пазар за повлекување еврообврзница којашто во најголем дел ќе се искористи за рефинансирање, односно за враќање на поранешен долг. Се надевам дека Ставрески и Богов ќе имаат успех во изнаоѓање услови со коишто ќе се постигне најниска камата на еврообврзница – истакна Груевски.
Премиерот смета дека ќе се постигне историски најниската камата за еврообврзницата на пазарот, поради што се одлучиле токму сега за нејзино издавање.
– Затоа и одиме токму сега, ние во овој момент ја немаме нужноста за такво нешто, затоа што рефинансирањето би дошло почетокот на следната година. Но ценејќи дека условите сега, споредено со минатите години се идеални и неможеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе бидат подобри, може и да се влошат, проценката беше дека сега е вистинскиот момент да се повлече чекор и да се добие финансирање под најдобри можни услови, односно главно рефинансирање на претходен долгв- рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



