Обама, како што се наведува, ќе ја искористи претстојната турнеја во Израел за да разговара за воен напад врз Иран „Канал 10“ истакнува дека Обама на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го информира за воениот напад врз Иран, што ќе биде преземен во јуни.
Израел подолг период бара од Белата куќа воена интервенција во Иран поради нуклеарната програма, но администрацијата на Обама досега беше воздржана.
– Постојано разговарам со Нетанјаху и го разбирам неговото инсистирање дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, бидејќи тоа би го загрозило светот, бидејќи со тоа би почнала и трката во нуклеарно вооружување-изјави претходно Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.