| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Милошески починал враќајки се од тренинг

daniel1

Четириесетичетири годишниотДаниел Милошески, еден од сопствениците на „Авалон продукција“ починал најверојатно од срцев удар.

Според поралот „Вистина.мк“ Даниел вчеравечер враќајќи се од својот вообичаен тренинг во еден од фитнес-центрите во Скопје, на пат кон дома почувствувал тегоби и здравствени потешкотии. И покрај тоа успел некако да стигне до поликлиниката „Јане Сандански“, каде здравствената состојба драматично му се влошила и сите обиди да се реанимира биле неуспешни, по што Милошевски починал, најверојатно од срцев удар.

Посмртните останки на Даниел Милошевски ќе бидат изложени утре во 13.00 часот во капелата на Градските гробишта Бутел во Скопје , а погребот ќе биде во 14.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top