Еден од сопствениците на „Авалон продукција“, Даниел Милошевски, почина ненадејно вчера во вечерните часови.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 14 часот.
Според неофицијални информации Даниел починал за време на фитнес тренинг. Најверојатно станува збор за срцев удар, но нема официјална потврда.
Браќата Даниел и Бобан Милошевски важат за едни од најуспешните продуценти во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.
Приказната за успехот на „Авалон продукција“ започна во 1993 година, кога браќата го организираа својот прв голем концерт, а до крајот на 2013-та, бројот на концерти во нивната режија ја надмина бројката од 250. Меѓу легендите кои ги донесоа се Боб Дилан, перјаницата на ХМ сцената „Ајрон меиден“ и несреќната Ејми Вајнхаус…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.