Во мај годинава споредено со мај лани прометот во трговијата со храна, пијалоци и тутун е намален номинално за 6,2 проценти, а реално за 4,7 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е забележан пад на прометот, номинално за 0,7 проценти, а реално за 11,3 проценти, во трговијата со горива, номинално за 3,4 проценти, а реално за 2,9 проценти, и во трговијата на мало со
автомобилски горива, номинално за 5,5 проценти, а реално за 7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.