Во среда полека се враќаме во нормала од краткотрајната промена на времето во вторник. Сепак, нема да имаме „чисто“ време. Во раните утрински часови во делови од источниот регион сеуште ќе има локална појава на слаб и краткотраен дожд. Претпладне ќе има умерена облачност и сосема ретка појава на врнежи. Но, околу пладне и попладне повторно ќе има развој на купесто дождовна облачност, која локално ќе биде проследена со грмежи. Вечерта ќе биде свежа и со мала веројатност за локален дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, генерално од севеозападен правец. Денот ќе биде потопол во однос на претходниот, но сепак нема да имаме жешко време.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 28°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 27°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 32°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Во скопската котлина се очекува променливо време со услови за дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од севеозападен правец. Максималната вредност на температурата ќе достигне 29°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.