По само неколку дена отворена продажба на влезниците за концертот на Цеца, организаторотите велат дека продадени се повеќе од 3.000 влезници по првичната цена од 500 денари. Истата останува уште денес. Веќе од утре, па сѐ до 27 јули, влезниците ќе чинат 600 денари.
Српската ѕвезда Светлана Ражњатовиќ Цеца за првпат ќе одржи концерт во Охрид а 1 август, со почеток 21.30, кој по нејзино барање нема да е ограничен на 2 часа.
Засега, рајдер листата на Цеца останува скромна. Она на што нејзиниот тим посветува најмногу внимание е продукцијата. Па за потребите на концертот, пред да пристигне Цеца во Охрид, пристигнуваат 10 шлепери опрема за специјално озвучување и осветлување.
Влезниците можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се, Југотон, Камарад – Рамстор, Розе Веро 2, локалните кафулиња и киосци низ државата и на неколку продажни пултови во Охрид.
Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.
За сите оние кои што сакаат да стигнат во Охрид само за концерт, организаторот обезбеди и организиран превоз од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Виница, Штип и Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


