| четврток, 6 декември 2018 |

Парното од август поевтинува за 10 отсто?

парно

Цените на парното греење од 1 август ќе се намалат и се проценкува дека поевтинувањето не треба да биде помало од 10 отсто, пишува Дневник. Во Регулаторната комисија за енергетика компаниите што се занимаваат со производство, снабдување и со дистрибуција на топлинска енергија веќе доставија барања за одобрување регулиран приход и таму велат дека ги прават пресметките, така што до крајот на месецот ќе излезат со цените што ќе важат во наредната година.

Меѓутоа, со оглед на податоците за ланската година, кои се основа за формирање на цените за оваа година, познавачите велат дека сосема е јасно оти цените треба значително да се намалат. За колкав процент ќе биде корекцијата конечен збор ќе каже РКЕ што меѓу другото ќе зависи и од тоа колкави трошоци за инвестиции ќе бидат вкалкулирани во крајните цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top