| четврток, 6 декември 2018 |

Филе смета дека е време за компромис

Штефан Филе, првиот човек за проширување на Европската унија (ЕУ), преку својот портпарол Петар Стано го повтори ставот искажан неодамна дека е време за компромис и дека македонските политичари треба да ги стават граѓаните на прво место.

– Се што ЕУ и партнерите сакаа да кажат и да им пренесат на своите македонски партнери е изразено во синоќешното заедничко соопштение. А, како дополнение, комесарот Филе се изрази јасно во писмото минатата недела и во синоќешниот “твит“, а тоа е да испрати, потенцирам, “силна порака за политичарите во Македонија“ дека е време за компромис и да се стават граѓаните на прво место. Tој порано посочи дека решение на кризата треба да се најде во Скопје, дециден е гласноговрникот на Комисијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top