Како што е наведено во соопштението на Емир Кустурица, кој поднесе неотповиклива оставка на местото директор на природниот парк, тој тоа го сторил откако државниот ревизорски инспектор поднел против него пријава за ненаменско трошење пари.
-Бидејќи не сакам да учествувам во јавниот живот во кој „сообраќајните прекршоци“ се на столбот на срамот, а претходно да не се ни докажал прекршокот, ниту злоупотребата на положбата, ниту ненаменско трошење на парите, одлучив да не бидам дела од таквиот јавен живот и затоа поднесувам неотповиклива оставка од функцијата, наведува Кустурица.
Познатиот режисер истовремено си поднесе оставка и на местото претседател на Скијачкиот сојуз на Србија, а одлучил како што вели „од државата да не прима помош за организација на Филмскиот и музички фестивал ’Кустендорф‘. Исто така, Кустурица наведува дека од М инистерството за култура ја повлекува молбата за доделување на сретства за снимање на филмот „Љубов и војна“.
Против Кустурица била поднесен прекршочна пријава бидејќи во неколку наврати го избегнувал распишувањето на тендери. Ревизорот утврдил дека Паркот Мокра Гора добил од безбедносно-информативната агенција две товарни возила. На управата за јавни набавки не и доставувал извешатаи за договорите, ниту редовно го попишувал имотот.
Во паркот не постоела ниту аналитичка евиденција на недвижнините, машините и опрема, поради што ревизорот неможел да ја утврди висината на амортизацијата. Утврдено е дека износот за трошоци за телефон во 2011 година бил повисок за 761.000 динари отколку што било предвидено, додека на реклами потрошиле 558.000 динари повеќе од планираното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.