Одреден вид храна е позната по тоа што ги подобрува памтењето и функцијата на мозокот. Експертите издвоиле пет вида храна што треба да се консумира редовно.
Мрсна риба
Многу луѓе денес имаат потешкотии да се сетат на сите работи што треба да ги направат преку ден. За да го подобрите своето памтење, јадете риба што содржи масти. Експрертите тврдат дека омега-3 масните киселини што ги има во сардината, лососост и во скушата одлични за здравјето на организмот, а особено за мозокот. Масната риба треба да се јаде најмалку двапати во неделата за да се спречи губењето на меморијата.
Мешункаст зеленчук
Иако многумина не сакаат зеленчук, факт е дека тоа позитивно влијае врз мозокот. Спанаќот и брокулите се богати со антиоксиданси, како витамин Ц и бета-каротен, кои се здрави за организмот. Содржат и фолна киселина која овозможува брзо памтење.
Јајца
Јајцата се богати со минерали и со витамини, а посебно се корисни за мозокот. Богати се со железо, јод и со витамин Б12, така што треба да се дел од редовната исхрана. Јодот е познат по тоа што ја подобрува способноста за решавање на проблемите.
Зелен чај
Мозокот се состои од 80 отсто вода, што значи дека мора адекватно да биде хидратизиран за да функционира добра. Многу е важно да се пијат осум чаши вода, а може да се додаде и шолја зелен чај. Експертите велат дека зелениот чај ја зголемува менталната будност и го подобрува памтењето, а антиоксидансите во него го намалуваат ризикот од деменција.
Чоколадо
Умереното јадење чоколадо ги подобрува когнитивните функции, а, исто така, го подобрува и протокот на крвта до мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.