| четврток, 6 декември 2018 |

Гаф на аргентинската претседателка – му честитала на селекторот за победата во финалето на СП

Kirchner_682298S1

Претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирчнер, по поразот на нејзината репрезентација во финалето на Светското првенство, направила необичен гаф, му телефонирала на селекторот и му ја честитала победата.

Претседателката следниот ден ги пречекала фудбалерите на аеродромот во Буенос Аирес, каде што се поздравила и ги прегрнала сите играчи, а во телевизискиот пренос изјавила:

– Како што знаете, не сум љубител на фудбалот. Не гледав ниту еден натпревар, дури ни вчера. По завршувањето на средбата го побарав тренерот Сабело затоа што имав чувство дека сме победиле, а такво чувство имаа сите 40 милиони Аргентинци. 

Со оваа изјава, според аргентинските коментатори, Кирчнер уште еднаш потврдила дека како претседателка целосно се отуѓила од своите сонародници, кои, како и играчите, се неутешни по поразот во финалето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top