Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. На места ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Се очекува локално да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.
Температурата ќе се движи од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со дожд и со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 24 степени. Во Охрид температурата ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи, меѓутоа претпладневните часови главно ќе бидат сончеви. Температурата ќе биде во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.