| четврток, 6 декември 2018 |

Грците тријат раце од одлуката на СДСМ

Flag-Pins-Macedonia-Greece

 

Одлуката за бојкот која Социјалдемократскиот сојуз ја повтори на седницата на Централниот одбор на партијата одржан доцна синоќа, повторно ги израдува Грците, кои не го кријат задоволството од ваквата одлука на лидерот на опозициската партија Бранко Црвенковски.

Од Атина веќе пристигнуваат првите неофицијални реакции. Според нив во дипломатските кулоари се шпекулира дека „веста која пристигнала од Скопје особено го израдувала шефот на грчката диломатија Димитрис Аврамопулос, кој видно задоволен од ваквата постапка на македонската опозиција на своите блиски соработници им соопштил дека Грција сега ќе има еден проблем помалку во надворешната политика“.

И грчкиот премиер Андонис Самарас навиваше за бојкот на изборите од страна на лидерот на СДСМ  Бранко Црвенковски со цел Грција да нема одговорност што Македонија повторно нема да ги започне преговорите за влез воУнијата. Токму бојкотот се очекува да биде главен грчки аргумент во јуни.

Дипломатски извори велат дека Атина добро е запознаена дека Германија овој пат е расположена за продолжување на проширувањето, а посебно со акцент дека на тој пат треба да се најде Македонија. Во таква ситуација, велат истите дипломатски извори, сите надежи на Атина се свтрени кон Црвенковски и неговиот цврст став на остане на идејата за бојкот.

-На Грција и е јасно дека нема да има сила овој пат да оди против Германија и најверојатно во јуни ќе мора да дозволи Македонија да ги почне преговорите за членство. Единствен цврст аргумент со кој можат да се спротистават е силна политичка криза, која во Македонија ја предизвика лидерот на опозицијата. Сега Грците ги ангажираат сите расположливи ресурси таа криза да се продлабочи, а не да добие решение -велат за денешен.мк, доброинформирани дипломатски извори.

И домашните и грчкитете експерти со исти став – доколку Македонија не ја надмине политичката криза нема да добие позитивен извештај, услов за датумот за преговори. Сите изјави кои секојдневно ги дава лидерот на СДСМ, во Атина сериозно се следат и се сметаат како аргумент за престојниот состанок на ЕУ.Неколку аналитичари и експерти досега потенцираа дека ваквата игра на Црвенковски е единствено во корист на Грција. Негативен извештај за Македонија, секако најмногу би и одело во корист на земјата која ја кочи нашата евроинтеграција со години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top