| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од најнаградуваните актери во млади денови (фото)

nikola ristanovskiТој е еден од најдобрите, а богами и најнаградувани македонски актери. Роден во чешкиот град Отава во 1969 година, а на 7-годишна возраст со семејството се преселил во Тетово. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во 1993 година.

Тоа е Никола Ристановски, кој по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје станал дел од Македонскиот народен театар во 1994 година. Првата професионална претстава во Македонскиот народен театар му била „Жорж Данден“, во режија на Бранко Ставрев, по што следувала улогата во „Снежана и седумте џуџиња“ на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Две години подоцна, Ристановски блеснал со улогата во култната претстава „Буре барут“. 

Никола Ристановски

Никола Ристановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top