| четврток, 6 декември 2018 |

Краткиот игран филм на Гоце Цветановски „Мал дисконтинуитет во времепросторот” селектирнан на фестивал во Словенија

visar viska

Краткиот игран филм на Гоце Цветановски „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ е селектиран на Гросман филм и вино фестивалот во Словенија, каде што ќе се натпреварува за престижната награда „Сребрен Мелиес“. Фестивалот се оддржува од 15 до 19 јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа.

Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската федерација на фестивали на фантастични филмови, а победникот на фестивалот автоматски станува кандидат за Златен Мелиес – најдобар краток фантастичен филм во Европа.

Филмот е независна копродукција на неколку продуцентски фирми од Македонија, а главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top