| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор Хаус задржан на српската граница – еве зошто

Актерот Хју Лори, кој стекна слава со улогата на доктор Хаус во истоимената серија, заедно со неговата група се наоѓа на турнеја низ Европа, во чии рамки утре ќе настапи во Белград, а в среда во Загреб.

Dr-House

По пристигнувањето во Србија, славниот актер и музичар на својот профил на „Твитер“ веднаш објави интересен настан, што му се случило при влеѓувањето во земјата.

– Влегов во Србија, но морав да чекам еден час. Граничниот полицаец го задржа мојот пасош за да го фотографира за спомен! Фантастично – напишал Лори на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top