Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензинот за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа. литар на ЕУРОСУПЕР БС-95 че се точи по 81 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 67,5 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари по литар и ќе се продава по 83 денари.
Пониска цена од полноќ ќе има и екстра лсеното масло за домаќинство и тоа за 2,5 денари по литар. Новата цена ќе изнесува 56 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.