| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на руската пијанистка Елизавета Леонскаја во Охрид

Во 21 часот руската пијанистка Елизавета Леонскаја одржа концерт во црквата „Св. Софија“. Концертот е дел од фестивалот „Охридско лето“. Леонскаја се вбројува меѓу најистакнатите пијанисти на денешницата. Родена во Тбилиси, Грузија, во руско семејство, била препознаена како чудо од дете и првите концерти ги одржала на 11 години. Уште како студент на Московскиот конзерваториум, Леонскаја ги добила наградите на престижните натпревари „Енеску“, „Маргерит Лонг“ и „Кралицата Елизабет“. Во 1978 година се преселила во Виена. Леонскаја е почесен член на Виенската концертна сала, а во 2006 година била одликувана со Почесен крст од прва класа за својот влог во културниот живот на земјата, највисока награда од овој вид во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top