| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија пред трансфер во ПСЖ

Репрезентативецот на Аргентина и играч на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија е пред трансфер во ПСЖ како што пренсува шпанскиот весник „Ас“. Првите луѓе на двата тима Насер Ал Калифи (ПСЖ) и Флорентино Перез (Реал Марид) ги договориле
условите за трансфер на играчот, што треба да се реализира по Светското првенство во Бразил.

Парите кои ќе „легнат“ на сметката на Реал, најверојатно ќе бидат искористени за трансфер на Хамес Родригез од Колумбија.

Ди Марија во Реал Мадрид дојде од Бенфика во 2010 година и одигра вкупно 189 натпревари и постигна 36 голови.

Аргентинецот изминатава сезона беше еден од клучните играчи во „кралскиот клуб“ во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top