| четврток, 6 декември 2018 |

Напукнаа ѕидови на куќите во Преспа од денешниот земјотрес (фото)

Земјотресот што денеска беше почуствуван во 13 часот и 18 минути во јужниот дел на Македонија ги вознемири жителите на Преспа и предизвика напукнување на некои куќи.

– Вакво тресење на земјата со силна бучава не се случила од поодамна. Помисливме дека куќите ќе се урнат врз нас, коментираа жителите на селата Крани, Љубојно и Дупени.

Во преспанскиот регион во серија се почуствуваа и неколку потреси со помал интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top