
Седум национални театри од земјава ќе добијат нова техничка опрема во наредните две години. Министерството за култура претходно направи анализа на постојната опрема што ја користат театрите и тоа што им е неопходно за реализација на програмата. Три театри веќе добија опрема, тоа се театрите во Битола, Штип и во Охрид. Во наредниот период технички подобрени ќе бидат: Драмскиот театар, театрите во Прилеп, Струмица и Театарот за деца и младинци од Скопје.
На дел од театрите им треба светлосна (рефлектори, ламби, филтри и друго), тонска (звучници, микрофони) и сценска опрема (завеси, реквизити). Од Министерството велат дека новата опрема ќе помогне во подобрување на квалитетот на продукциите и ќе ги зголеми техничко-технолошките можности на сценската технологија на нашите театарски институции. Проектот треба целосно да се реализира до наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


