Скопјанец доживел шок, кога неговиот тринаесетгодишен син бил исечен со нож пред неговите очи од тројца непознати напаѓачи, вчера во Скопје.
Според МВР, К.Ш.(47) од Скопје пријавил дека околу 18 часот на улица Панче Неделковски, неговиот 13 годишен син бил физички нападнат од страна на три непознати лица, со удари со тупаници и клоци по лицето и телото, а во еден момент едно од лицата извадило нож и замавнало.
Од нападот, малолетникот се здобил со расекотина на челото и образите, како и отоци во пределот на главата и телото и му е укажана лекарска помош во Градска општа болница Свети Наум Охридски.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.