| четврток, 6 декември 2018 |

Русија бара преиспитување на договорот ЕУ-Украина

ukraina rusija euРусија ја повика денеска Европската унија да се воздржи од имплементирање на спогодбата за слободна трговија со Украина, додека не се преземат мерки за отстранување на ставувањата на Москва во врска со договорот.

Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљкаев предупреди по разговорите во Брисел со европскиот комесар за трговија Карел де Гухт и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, дека Москва ќе треба да ги преоцени своите царински норми со Украина, откако во сила ќе стапи спогодбата за асоцијација.

– Стравувам дека нашите колеги целосно не ја разбираат сериозноста на проблемот, со кој се соочуваме, изјави Уљкаев, според кого од Спогодбата произлегле „ризични области“ за Русија.

– Инсистираме спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ да не стапи во сила додека не бидат појаснети тие ризични области, изјави тој.

Руските власти стравуваат дека Украина може да реизвезува во Русија стоки од ЕУ, со што ќе ги избегнува царините, воведени од Москва за заштита на сопственото производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top