| четврток, 6 декември 2018 |

МВР на ниво на задачата

Министерството за внатрешни работи уште еднаш се покажа на ниво на задачата и покрај провокациите на дел од демонстрантите кои и денес протестираа за случајот „Монструм“.

PROTEST

Некои радикали кои беа дел од протестот со маски на лицата се обидуваа да направат инциденти фрлајќи камења кон полицијата, но мнозинството од насобраните луѓе протесираше мирно. Општата слика е дека денот помина мирно и покрај сите провокации и најави, а полицијата демонстрираше како професионално си ја врши својата работа.

Исто така очигледно е, после ваквата ситуација, дека со плод вродија и политичките апели за смирување на страстите, како и изјавите дека нема да има толеранција кон некој кој сака да демонстрира насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top