| четврток, 6 декември 2018 |

Работи кои ги кажува, а не ги мисли

маз

Дали тој тоа навистина го мисли? Дали тој ме слуша што му зборувам? Дали е искрен? Веројатно многупати сте поставиле или барем сте ги помислиле овие прашања. Додека во некои ситуации се потполно искрени, постојат и ситуации во кои го кажуваат тоа што не го мислат.За да не се двоумите, ви откриваме што тој мисли да каже…

„Тоа е машка работа” – Нема ништо рационално во врска со тоа и тебе никогаш нема да ти звучи логично.

„Тешко е да се објасни” – Немам поим како тоа функционира.

„Одмори се љубов, работиш премногу” – Не можам повеќе да ја слушам правосмукалката. А кога таа работи, се чувствувам лошо, бидејќи се излежавам.

„Те слушнав” – Немам поим што рече, ама се обидувам добро да одглумам за да ја избегнам вревата во наредните 3 дена.

„Знаеш дека лошо памтам датуми” – Памтам датуми кои ништо не ми значат, ама баш годишнината ја заборавив.

„Не се изгубив, знам точно каде се наоѓаме” – Никој  нема да не пронајде живи.

„Аха. Да, драга. Мхм.” – Да, да. Зборувај ти, јас не те слушам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top