| четврток, 6 декември 2018 |

Корина: Шумахер, иако бавно, се опоравува

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина Шумахер, изјави дека нејзиниот сопруг, иако бавно, се опоравува.

Седумкратниот светски Ф1 шампион кон крајот на декември минатата година доживеа несреќа на скијање кога со главата удри во карпа поради што неколку месеци беше во кома.

– Тој е подобро, полека, но сигурно, во секој случај тој се опоравува – изјави Корина Шумахер, сопруга на Михаел.

Легендарниот 45-годишен шампион го очекува долг процес на рехабилитација на Универзитетската клиника во Лозана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top