| четврток, 6 декември 2018 |

Скарлет Јохансон ќе глуми во новиот филм на браќата Коен?

Актерката Скарлет Јохансон е во преговори за улога во новиот филм на браќата Џоел и Итан Коен, “Hail Caesar!”, пишува списанието “Варајети”. Таа во филмот треба да им се приклучи на Џош Бролин и Џорџ Клуни. Во преговори за улоги во филмот се и Чанинг Тејтум, Тилда Свинтон, Ралф Фајнс и Џона Хил.
Новиот проект говори за Холивуд во 50-тите години на минатиот век, а приказната ја следи Еди Маникс.

Главниот лик Еди Маникс, наводно бил инспириран од вистинска личност, потпретседателот на компанијата МГМ. Во времето во кое се одвива дејствието на филмот, продукциските компании и филмските студија го штителе угледот на големите актерски ѕвезди од различни скандали употребувајќи дури и нелегални методи. Тие дури вработувале и „чистачи на проблеми” на кои им плаќале огромни суми пари, а вршеле и насилство и уцени. Јохансон во филмот би требало да глуми актерка која останува бремена во моментот кога треба да почне да снима филм.
Времето за филмот е одлично бидејќи Јохансон во март објави дека е бремена од нејзиниот свршеник, францускиот новинар Ромаин Дауриак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top