Полицијата се повлекува. Протестот завршува мирно без некои поголеми инциденти.
На стотина метри од полицијата има уште неколку стотини претежно млади луѓе кои што не знаат што да прават. Од таму не можат да дофрлат со камења до полицијата
Најголем дел од демонстрантите се повлекуваат
Полициските припадници и најрадикалните групи демонстранти се оддалечени на 50 метри едни од други
Сеуште неколку помали групи фрлаат камења кон полицијата а други се обидуваат да ги одвратат
Полицијата мирно набљудува што се случува
Можат да се забележат тепачки меѓу самите демонстранти тие што бараат да се завшри со протестот и тие што сакаат да се судрат со полицијата
Барањето од организаторите да се прекине протестот предизвика кавги кај демонстрантите
Заврши канонадата од камења кон полицијата
Дел од најрадикалните кои што фрлаат камења се збунети што организаторите ги повикаа да го прекинат протестот
Дел од групата започна да се повлекува кон Чаир но најголем дел е сеуште присутна
Десетици од демонстрантие започнаа да фрлаат со камења кон полицијата
Во изјавата на организаторите се барало оставка од Министерката Јанкуловска и обвинителката Гешковска
Дел од најзапалените демонстранти претежно помлади луѓе одбиваат да си одат
Толпата повторно фрла со камења на полицијата, полицајците не реагираат
Маскираните што сакаат да прават инцидент се истуркани назад

Постари демонстранти се туркаат со помлади и се обидуваат да ги спречат да предизвикаат инциденти
Започнаа да летаат камења и дрвја кон полицијата и медиумските екипи
Група помлади демонстранти се обидува да се судри со полицискиот кордон
Ставаат маски некои од нив
Дел од демонстрантите не сакаат да се повлечат како што бараат организаторите
Според нив полицијата вршела притисок врз Албанците во последниве 25 години
Дел од организаторите на денешниот протест кои што даваа изјави се непознати за пошироката јавност а тие не се претставија кои се
Организаторите ги повикаа демонстрантите да се разотидат и наредната недела повторно да протестираат
Дошле мирно да протестираат и да искажат недоверба во институциите, се вели во нивниот проглас
Нема ниту извици Алах е голем
Овој пат нема знамиња на Саудиска Арабија
Демонстрантите прочитаа проглас во кој се вели дека осудените за Монструм се невини и дека треба да се ослободат
Протестот го следат десетици домашни и десетина странски екипи, од регионот и од западни земји
Снимател на ТВ Телма е удрен со камера по глава кога организаторите даваат изјава а други демонстранти ги турнаа новинарите по што е удрен снимателот
Дел од организаторите сакаат да дадат изјава за медиумите
Транспарент на кој се гледа како ДУИ се претопува во ВМРО – ДПМНЕ се гледа во масата
Толпата ја контролираат еден ред од активисти кои што не дозволуваат контакт со полицијата
Полицајците сеуште не реагираат, вкупната бројка на демонстранти се приближи на над 5000
Фрлен камен кон полицијата, дел од демонстрантите ја смирува толпата
Демонстрантие се лице в лице со полицијата но засега нема инциденти
Меѓу демонстрантие е и Ким Мехмети и тој е дел од тие што има кажува што да прават
Група од триесетина луѓе не дозволува демонстрантите да се приближат до полицијата. Села ги натера присутните да клекнат.
Села им се обрати на насобраните.
Се очекува обраќање на градоначалникот на Струга Зијадин Сеља
Масата е блокирана кај Универзитетот Кирил и Методиј
Според начинот на кои се движи и однесува толпата се гледа добра организација и координација
Стоп окупатори се извикува од дел од демонстрантите
УЧК не е ДУИ , УЧК сме ние народот пишува на еден од транспарентите
Полицијата засега нема потреба од интервенција
Дел од учесниците носат мапа на Македонија во пламен
Демонстрантите го извикуваат името на Села
Во првите редови е градоначалникот на Струга Зијадеин Села
Според првичните проценки има меѓу 1500 и 2000 демонстранти
УЧК , УЧК е најчестиот извик на демонстрантите
Со аплауз се дочекуваат групи што се придружуваат на насобраната толпа
Демонстрантите извикуваат голема Албанија
Протестите започнаа веднаш по петочната молитва во Јаја Пашината џамија во Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


