Околу 16.000 евра биле украдени од сопственикот на менувачницата во Драчево кој завчера беше пронајден мртов пред дуќанот со прострелна рана во главата.
Според полицијата, од менувачницата недостасувале 520.000 денари и 7.000 евра.
Инаку, мртвото тело на Зоран Саќевски, сопственикот на менувачницата, го пронајде неговиот син. Убиството се случи пред два дена кога Саќевски бил застрелан во слепоочницата, околу 20 часот пред неговата менувачница на улицата Славка Димкова во скопско Драчево.
Полицијата трага по убиецот и работи на расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Козата им ги изела парите
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Двајца велешени под закана и одзеле ќесе со пари на една жена



