Во текот на летниот период, ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ на повеќе локации низ во Општина Аеродром ќе организира акции со бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови. Бесплатните превентивни прегледи и делење совети ќе се одвива во периодот од 18:30 до 21:30 часот на повеќе локации на територијата на општината. Денеска прегледи ќе има во паркот „Јане Сандански“, на 16 јули кај паркот со езерата, на 21 јули пред ТЦ „Бисер“ и на 26 јули во паркот „Аеродром“.
Според општите препораки за полесно справување со високите температури, пожелно е граѓаните да консумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11:00 до 17:00 часот. Акцијата ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Нови 100 вработувања во Здравствен дом „Скопје“, недостигаат доктори и медицински персонал
-
Овие 5 знаци укажуваат дека имате отрови во телото
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…


